Одбојкарите се одјавија од Љубљана: Дојдовме, видовме, научивме… (ФОТО)

По завршувањето на натпреварите на Европското првенство и пропуштената можност за место во осминафиналето на собирот на најдобрите на Стариот континент, македонските одбојкари денеска се враќаат во Скопје.

На заминувањето од Љубљана, македонските репрезентативци порачаа дека целокупниот настап е повеќе од успех за македонската одбојка нагласувајќи дека сето тоа ќе биде силен мотив и за далеку поголеми успеси во иднина…

„Благодариме на сите за целокупната поддршка. Благодариме Македонија. Дојдовме, видовме, научивме…. До, следното лето“ – порачаа македонските одбојкари.

Се вчитува...