Одбојкарите со добра игра против Украина како честитка за роденденот на селекторот

По воведниот пораз од Бугарија, одбојкарската репрезентација на Македонија денеска од 15 часот ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Софија, каде за противник ќе ја има Украина.

Мотив повеќе за нашите одбојкари ќе биде тоа што селекторот, Јошко Миленкоски денеска го слави својот 66. роденден. Ова ќе биде првпат стратегот на неговиот роденден да има натпревар на ЕвроВолеј.

Миленкоски заедно со селекторот на Украина, Раул Лозано (70 години) се двајцата највозрасни тренери на годинешното издание на Европското првенство. За македонскиот селектор ова е трет ЕвроВолеј. Вторпат по 2023 година како предводник на Македонија. Претходно на ЕП 2017 тој беше селектор на Турција.

Се вчитува...