Одбојкарите со историски најдобар ранкинг: Во Топ 20 во Европа!

Македонската одбојкарска репрезентација го запиша најдобриот свој ранкинг во историјата на официјалната ЦЕВ листа. Одбојкарите на Македонија на најновото рангирање на ЦЕВ се пробија во Топ 20 репрезентации на европскиот континент.

Во однос на претходното рангирање, Македонија напредуваше за една позиција па од 21. место се проби сега на 20-та позиција со 162 бода, пред селекцијата на Хрватска и Белорусија кои назадуваа.

На врвот на листата е Русија, пред Франција и Србија.

РАНГ ЛИСТА НА ЦЕВ…Odbojka lista

Се вчитува...