Одбојкарите со победа се простија од ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство кое се игра во Италија, Бугарија, Финска и Романија.

Одбојкарите беа дел од групата Б која се играше во арената „8888“ во Софија, во мечот од последното петто коло, беа подобри од Израел со 3:0 во сетови и тоа со 25:21,25:23,25:22.

Во првиот сет, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ја имаа контролата врз резултатот и на секој обид на Израелците да се вратат во игра, имаа одговор и го добија сетот со 25:21. Ова воедно беше прв освоен сет за одбојкарите на ЕП.

Слично сценарио имаше и во вториот сет, одбојкарите поведоа со 24:21 и ја реализираа третата сет топка, а потоа без проблеми го добија и третиот сет, што значеше победа за Македонија во дуелот со Израел.

Пласман во нокаут фазата од Групата Б обезбедија Полска, Украина, Бугарија и Португалија.

Се вчитува...