Одбојкарите со Турција, Данска и со БиХ во квалификациите за ЕП 2021

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година. Македонија во квалификациите се наоѓа во групата Ц, каде за противник исто како и во златната европска лига ќе ја имаат репрезентацијата на Турција. Покрај Турција во групата се наоѓаат и селекциите на Данска и на Босна и Херцеговина.

Квалификациите ќе се играат во периодот од август до септември годинава во систем дома-гости, а на Еврошампионатот пласман ќе изборат седумте најдобри екипи од квалификациските групи, како и петте најдобро второпласирани. Македонија минатата година на шампионатот во Словенија го забележа првиот историски настап на континенталните собири.

Ц група:

МАКЕДОНИЈА, Турција, Данска, Босна и Херцеговина.

 

Се вчитува...