Одбојкарите во група со Австрија, Косово и со Летонија во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација и во 2018 година повторно ќе биде дел од Европската лига на ЦЕВ, во надеж дека по неколкуте учества на фајналфор турнирите конечно ќе се најде на првото место во ова натпреварување.

На денешната ждрепка „црвено-жолтите“ беа извлечени во група со Австрија, Летонија и со селекцијата на Косово, ривали што даваат оптимизам дека ќе може да се обезбеди првото место во групата и пласман во битката за златото.

Според информациите од Одбојкарската Федерација на Македонија, ЦЕВ се уште го нема утврдено конечнио систем на натпреварување, за што официјална потврда ќе стигне во најскоро време. Македонскиот национален тим со голем успех настапува во Европската лига во последните неколку години, а во 2017 во финалето беше поразен од Украина.

Се вчитува...