Одбојкарите во неизвесност, чекаат осминафинале, ќе навиваат за Турција

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонските одбојкарски репрезентативци ќе бидат во неизвесност до доцна вечер се до завршувањето на последниот натпревар од групата Ц во прелиминарниот сегмент од Еврoпското првненство во Љубљана. Осминафинале или крај на шампионатот, тоа зависи единствено од исходот на пресметката меѓу селекциите на Турција и на Финска.

Со огледа на вчерашната победа на Турција над Белорусија, нам сега ние е потребно Финска да не победи. Само така нашите одбојкари ќе патуваат за Франција како дел од шеснаесетте најдобри селекции на првенството.

Она што не оди во наша корист е дека Турција е веќе пласирана преку третата позиција во групата и нема силен мотив за борба за разлика од Финците на кои им е неопходна победата за прогрес во осминафиналето.

На Финска ќе и биде доволна било каква победа, па и во пет сета. Тоа затоа што во моментов има четири бода, дури и да освои само два, ќе биде формиран круг од три репрезентации со по шест бода во кој македонската селекција има најслаб количник на сетови и најлоша поен разлика. Дополнително што има порази и од Финска и од Турција од почетокот на првенството.

Се вчитува...