Женската репрезентација на Македонија до 20 години ја продолжи негативната серија на зонските евро-квалификации. Во првиот меч од разигрувањето за пласман од 5. до 8. место, нашите девојки претрпеа пораз од соодветната селекција на Србија со максимални 3-0 по сетови (25-13, 25-14, 25-16).
И покрај крајниот резултат, македонските одбојкари покажаа рамноправна игра на почетокот на сите три сета. Најдобрата шанса ја имавме во вториот сет кога Македонија водеше со 8-4 и 12-10. Сепак, противникот успеа да изедначи, а потоа со долга серија целосно да го сврти резултатот во своја корист.
Следниот противник на Македонија во борбата за конечен пласман ќе биде поразената репрезентација од попладневниот дуел помеѓу Босна и Херцеговина и Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
