Одбојкарките до 20 години последни на Зонските квалификации

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години го освои последното место на БВА Зонските квалификации во Мостар за Европското првенство во 2027 година.

Во клучниот дуел за избегнување на последната позиција, нашите младинки претрпеа пораз од домаќинот Босна и Херцеговина со резултат 1-3 во сетови (14-25, 25-23, 22-25, 14-25). Македонските одбојкарки успеаја да израмнат на 1:1 по лошиот прв сет, но противникот сепак ја оправда домашната предност и го доби натпреварот.

Ова беше втор пораз за македонската селекција од истиот противник на овој турнир, откако претходно во групната фаза Босна и Херцеговина славеше во неизвесен меч со 3-2. Со овој епилог, Македонија ги заврши квалификациите на дното на табелата.

 

Се вчитува...