Женската одбојкарска репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се одржува во Азербејџан, Чешка, Шведска и Турција.
Српските одбојкарки во мечот за третото место беа подобри од селекцијата на Полска со 3:1 во сетови и тоа со 25:21,25:19,15:25, 25:18.
Во првите два сета Србија доминираше, но во третиот сет, одбојкарките беа шокирани од нивниот селектор Зоран Терзиќ кој побара дозвола да ја напушти клупата и да замине во соблекувалната. На Терзиќ му се слошило и заедно со докторот на репрезентацијата замина во соблекувалната.
Поради тоа, на одбојкарките им падна концентрацијата и го загубија третиот сет со 15:25, но работите си дојдоа на своето место во четвртиот сет во кој славеа со 25:18 и го освоија бронзениот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
