Женската одбојкарска репрезентација на Турција триумфираше на Европско првенство откако во финалето беше подобра од светскиот и олимпискиот Италија и ја одбрани титулата освоена 2023 година.
Во супер драматично финале, Турчинките славеа со 3:2 во сетови и тоа со 16:25,25:22,12:25,25:21,15:10 во мечот кој се играше во „Синан Ерден“ салата во Истанбул.
И пред три години, Турција во финалето на женското ЕП славеше во пет сета, но тогаш против Србија.
Турција двапати успеваше да се враќа по заостаток во сетови и во одлучувачкиот сет да слави со 15:10.
Хероина на Турција беше Мелина Варгас која во клучните моменти сама ја носеше својата селекција кога на останатите одбојкарки не им одеше и мечот го заврши со освоени 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
