Одбојкарките освоија сет, но загубија и од Грција на Медитеранските игри

Македонските одбојкарки доживеаја и трет пораз на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

За разлика од претходните два убедливи порази од Турција и од Косово, нашите девојки овој пат освоија еден сет во мечот против Грција, но загубија со 1-3.

Одлично отворајќи го натпреварот, Македонките го добија првиот сет со 25-22, но потоа Гркинките целосно доминираа добивајќи ги убедливо следните три сета со 13-25, 7-25 и 17-25, за конечна победа од 1-3.

Се вчитува...