Одбојкарската селекција до 16 години поразена и од Грција на Балканијадата во Плевља

Женската пионерска селекција на Македонија загуби со 0-3 (10-25, 12-25, 18-25) од Грција во третиот натпревар од Балканијадата за одбојкарки до 16 години во Плевља.

Нашите пионерки како и на претходните два дуели со Црна Гора и Турција, така и денеска најголем отпор понудија во последниот сет.

Репрезентацијата утре има слободен ден, а во последното коло во понеделник, од 15-30 часот се соочува со Бугарија.

Се вчитува...