Одбојката повлече нога: Руските тимови и репрезентации се враќаат на сцената

Изолацијата на руските клубови и репрезентации од големата сцена прв ја прекина одбојкарскиот свет откако денеска беше официјализирана најавената одлука за враќање на клубовите и националните селекции на оваа земја на големите натпреварувања.

Административниот совет на ЦЕВ на состанокот одржан во Милано даде зелено светло за враќање на Русите во сите натпреварувања под капата на оваа организација, како за одбојка во сала така и за одбојка на плажа.

Руската одбојкарска федерација ја поздрави оваа одлука, најавувајќи дека очекува што поскоро да биде дел од сите одбојкарски натпреварувања во Европа. Сите клубови ќе ги имаат истите бодови во рангирањата на ЦЕВ како и пред суспензијата, што ќе овозможи Русија повторно да има свои екипи во најелитните натпреварувања, од сезоната 2027/28.

Се очекува руските селекции да се вратат на големата сцена почнувајќи од претстојното издание на Лигата на нации, а она што е уште поважно, Русите ќе имаат можност да се борат за место за ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.

Се вчитува...