Одбрана на годината: Како Алисон спречи шок за Ливерпул во судиското продолжение

Ливерпул даде три гола вечерва во Барнли, но најзаслужен за вечерашната победа е голманот Алисон Бекер, кој во самиот финиш ја имаше најдобрата голманска интервенција во досегашниот дел од премиерлигашката сезона.

Се играше судиското продолжение при водство на Ливерпул од 1-2 кога по една мешаница по корнер од десната страна домаќините шутираа опасно, но кога сите ја видоа топката во мрежата, Алисон со пантерски скок ја извади од самиот агол, враќајќи ја во поле.

Само неколку секунди подоцна следеше контранападот по кој Салах го проигра Шаќири, а швајцарскиот репрезентативец го постигна третиот гол за Ливерпул и стави печат на новата победа на тимот на Јирген Клоп. „Црвените“ дефинитивно не погрешија што минатото лето потрошија богатство за да го доведат Алисон на „Енфилд роуд“.

Се вчитува...