Одбрана на сезоната: Семоќниот Куелјар ја запре Барса (видео)

Најзаслужен за вечерашната победа на Леганес над Барса е голманот Иван Куелјар, кој во второто полувреме ја имаше најубавата одбрана во досегашниот дел од сезоната.

Кутињо одлично пласираше и многумина ја видоа топката во мрежата, но Куелјар со извонреден рефлекс ја одби во поле. Таа стигна до Ракитиќ кој одлично се снајде и биеше под гредата, но повторно радост на Барса спречи домашниот голман.

 

 

Се вчитува...