Одбрана за ТВ-шпици – Руи Патрисио спречи еврогол на Стерлинг (видео)

Руи Патрисио е главниот виновник што првото полувреме меѓу Вулверхемптон и Манчестер сити заврши без ниту еден погодок. „Граѓаните“ имаа неколку убави шанси, а најдобриот обид дефинитивно беше оној на Рахим Стерлинг, кога англискиот репрезентативец биеше од над 25 метри, но португалскиот голман со неверојатна интервенција спречи топката да заврши под гредата во неговата мрежа.

Се вчитува...