Одбраната на Челси како швајцарско сирење во Шефилд

Челси загуби значајни бодови во трката за место во ЛШ откако тимот на Френк Лампард го загуби дуелот со Шефилд Јунајтед со убедливи 3-0. Нападот не беше на очекуваното ниво, но причина за поразот е очајното издание на одбранбената линија, која функционираше катастрофално, по што поразот беше неизбежен.

Мекголдрик беше стрелец на првиот гол, откако налета на една одбиена топка од голманот Кепа, а веќе во 33. минута беше 2-0, откако дефанзивците на „сините“ го оставија Мекбурни осамен во шеснаесетникот, а тој со прецизен удар со глава ја казни нивната заспаност.

Челси се отвори во второто полувреме, но не само што не успеа да се врати, туку прими уште еден погодок, втор на Мекголдрик по уште едно лошо позиционирање на гостинските дефанзивци. Тимот на Френк Лампард останува на третото место со 60 бода, но со овој неуспех им остави можност на Лестер и Манчестер Јунајтед да ги скокнат „сините“ на табелата доколку ги добијат своите натпревари од 35. коло.

Се вчитува...