Одбраните 11 истрчаа на Националниот стадион во Варшава… Подготвени за максимална борба (ФОТО)

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Македонските репрезентативци максимално се подготвени за пресметката со Полска од квалификациите за ЕП 2020. Без разлика на проблемите со повредите и отсуствата на Адеми, Барди, Дарко Велковски, Тричковски…, избраните 11 кои веќе истрчаа на теренот на Националниот стадион во Варшава загревајќи се за клучниот натпревар од овие квалификации ветуваат борбата до последен атом во желбата да се дојде до позитивен резултат…

Селекторот Игор Ангеловски на мегдан против Полјаците се одлучи да се спротистави со Димитриевски, Стефан Ристовски, Бејтулаи, Муслиу, Кире Ристевски, Николов, Спировски, Алиоски, Елмас, Пандев и Несторовски.

 

Се вчитува...