ОДБРОЈУВАМЕ ДО ПАЛЕРМО: Боби Милевски, заедно со Хаџиевски, е со најдобар селекторски старт во историјата!

Македонија ја очекува веројатно најголемиот фудбалски настан во историјата. Македонската репрезентација за првпат во својата речиси 30-годишна независна историја е на чекор до пласман на Светско првенство. Бараж-натпреварот со Италија во Палермо на 24. март од плејофот за место на Мундијалот во Катар е сигурно најголемиот фудбалски предизвик на земјата во историјата. Токму затоа, одбројувајќи до 20:45 часот на 24. март и дуелот на „Ренцо Барбера“, ги одбележуваме најзначајните лица и настани кои, на некој начин, имаат свој дел од мозаикот на патот до Палермо.

===============================================================================================

Актуелниот македонски селектор Благоја Милевски, заедно со Ѓоко Хаџиевски на врвот, статистички погледнато го имаат најдобриот старт на клупата на националниот тим на официјални квалификациски натпревари во историјата.

Вкупно 14 официјално именувани селектори има македонската репрезентација низ својата историја, од кои единствено Драган Канатларовски бил двапати на чело на А-тимот, a Ѓоре Јовановски низ кратката селекторска одисеја немаше повеќе од пет натпревари низ официјален квалификациски циклус.

Благоја Милевски, со кого Македонија го очекува баражот за место на СП 2022 во Катар, досега има 7 натпревари, сите официјални квалификациски, откако во август минатата година застана на чело на македонската А-репрезентација. Токму затоа, земајќи ги како компарација првите седум единствено официјални-квалификациски натпревари на стартот од селекторувањето на сите 14 национални фудбалски предводници, Милевски со три победи, три ремија и еден пораз е на второто место, веднаш зад Ѓоко Хаџиевски кој има четири победи, едно реми и два порази во квалификациите за СП 1998, далеку пред сите останати македонски селектори.

Трет согласно овие статистички показатели е Словенецот Среќко Катанец кој во квалификациите за ЕП 2008 запиша две победи, едно реми и четири порази низ првите седум свои дуели на чело на Македонија, а потоа следат Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски (заедно со Ѓоре Јовановски) во квалификациите за СП 2002, во ТОП 5 на листата.

Селекторот со кого Македонија го обезбеди првото историско учество на сениорско Европско првенство, Игор Ангеловски, е на шестото место на листата. Ангеловски своето селекторување во квалификациите за СП 2018 го започна со две победи и шест порази. А, по него е првиот македонски селектор Андон Дончевски кој во првиот наш квалификациски циклус за пласман на ЕП 1996 запиша една победа, три ремија и три порази низ првите седум свои дуели.

Во ТОП 10 на листата, согласно почетниот ефект, следат Никола Илиевски – Џиџи, Драган Канатларовски во својот втор манда и Мирсад Јонуз.

ЕФЕКТОТ НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОРИ НА СТАРТОТ ОД НИВНОТО СЕЛЕКТОРУВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ

1. ЃОКО ХАЏИЕВСКИ (Квалификации за СП 1998)

МАКЕДОНИЈА – Лихтенштајн 3-0
Исланд – МАКЕДОНИЈА 1-1
Р. Ирска – МАКЕДОНИЈА 3-0
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 1-11
МАКЕДОНИЈА – Романија 0-3
МАКЕДОНИЈА – Р. Ирска 3-2
МАКЕДОНИЈА – Исланд 1-0
4 победи, 1 реми и 2 порази (гол-разлика: 19-10)

2. БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ (Квалификации за СП 2022)
МАКЕДОНИЈА – Ерменија 0-0
Исланд – МАКЕДОНИЈА 2-2
МАКЕДОНИЈА – Романија 0-0
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-4
МАКЕДОНИЈА – Германија 0-4
Ерменија – МАКЕДОНИЈА 0-5
МАКЕДОНИЈА – Исланд 3-1
3 победи, 3 ремија и 1 пораз (гол-разлика: 14-7)

3. СРЕЌКО КАТАНЕЦ (Квалификации за ЕП 2008)
Естонија – МАКЕДОНИЈА 0-1
МАКЕДОНИЈА – Англија 0-1
Англија – МАКЕДОНИЈА 0-0
Андора – МАКЕДОНИЈА 0-3
МАКЕДОНИЈА – Русија 0-2
Хрватска – МАКЕДОНИЈА 2-1
МАКЕДОНИЈА – Израел 1-2
2 победи, 1 реми, 4 порази (гол-разлика: 6-7)

4. ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ (Квалификации за СП 2014)
Хрватска – МАКЕДОНИЈА 1-0
Шкотска – МАКЕДОНИЈА 1-1
МАКЕДОНИЈА – Хрватска 1-2
МАКЕДОНИЈА – Србија 1-0
МАКЕДОНИЈА – Белгија 0-2
Белгија – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Велс 2-1
2 победи, 1 реми, 4 порази (гол-разлика: 5-8)

5. ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ (квалификации за СП 2002)
Словачка – МАКЕДОНИЈА 2-0
МАКЕДОНИЈА – Азербејџан 3-1
Молдавија – МАКЕДОНИЈА 0-0
Шведска – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Турција 1-2
МАКЕДОНИЈА – Молдавија 2-2 (селектор: ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ)
Турција – МАКЕДОНИЈА 3-3 (селектор: ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ)
1 победа, 3 ремија, 3 порази (гол разлика: 9-11)

6. ИГОР АНГЕЛОВСКИ (Квалификации за СП 2018)
Албанија – МАКЕДОНИЈА 2-1
МАКЕДОНИЈА – Израел 1-2
МАКЕДОНИЈА – Италија 2-3
Шпанија – МАКЕДОНИЈА 4-0
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-3
МАКЕДОНИЈА – Шпанија 1-2
Израел – МАКЕДОНИЈА 0-1
2 победи, 5 порази (гол-разлика: 9-13)

7. АНДОН ДОНЧЕВСКИ (Квалификации за ЕП 1996)
МАКЕДОНИЈА – Данска 1-1
МАКЕДОНИЈА – Шпанија 0-2
Белгија – МАКЕДОНИЈА 1-1
МАКЕДОНИЈА – Кипар 3-0
Данска – МАКЕДОНИЈА 1-0
Ерменија – МАКЕДОНИЈА 2-2
МАКЕДОНИЈА – Белгија 0-5
1 победа, 3 ремија, 3 порази (гол-разика: 7-12)

8. НИКОЛА ИЛИЕВСКИ – ЏИЏИ (Квалификации за ЕП 2004)
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 1-1
МАКЕДОНИЈА – Турција 1-2
Англија – МАКЕДОНИЈА 2-2
МАКЕДОНИЈА – Словачка 0-2
МАКЕДОНИЈА – Лихтенштајн 3-1
Турција – МАКЕДОНИЈА 3-2
1 победа, 2 ремија, 3 порази (гол-разлика: 9-11)

 

9. ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ (Квалификации за ЕП 2004 и Квалификации за СП 2006)
МАКЕДОНИЈА – Англија 1-2
Словачка – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Ерменија 3-0
Романија – МАКЕДОНИЈА 2-1
МАКЕДОНИЈА – Холандија 2-2
Андора – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Чешка 0-2
1 победа, 1 реми, 5 порази (гол-разлика: 7-10)

10. МИРСАД ЈОНУЗ (Квалификации за ЕП 2012)
Словачка – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Ерменија 2-2
Андора – МАКЕДОНИЈА 0-2
МАКЕДОНИЈА – Русија 0-1
Р. Ирска – МАКЕДОНИЈА 2-1
МАКЕДОНИЈА – Р. Ирска 0-2
1 победа, 1 реми и 4 порази (гол-разлика: 5-8)

СЕЛЕКТОРИ КОИ ИМААТ ПОМАЛКУ ОД ШЕСТ ОФИЦИЈАЛНИ КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАРИ

Останатите четворица македонски селектор се издвоени на посебна листа затоа што не успеале да стигнат ниту до шест официјални натпревари на клупата на македонската репрезентација.

Како и да е, Џон Тошак, Љубинко Друловиќ, Бошко Ѓуровски и Слободан Сантрач, секако немаат некој ефект за паметење како предводници на македонската репрезентација.

11. ЏОН ТОШАК (Квалификации за ЕП 2012)
Русија – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Андора 1-0
Ерменија – МАКЕДОНИЈА 4-1
МАКЕДОНИЈА – Словачка 1-1
1 победа, 1 реми и 2 порази (гол-разлика: 3-6)

12. ЉУБИНКО ДРУЛОВИЌ (Квалификации за ЕП 2016)
Словачка – МАКЕДОНИЈА 2-1
Луксембург – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Шпанија 0-1
МАКЕДОНИЈА – Украина 0-2
Белорусија – МАКЕДОНИЈА 0-0
1 реми и 4 порази (гол-разлика: 1-6)

13. БОШКО ЃУРОВСКИ (Квалификации за ЕП 2016)
Шпанија – МАКЕДОНИЈА 5-1
МАКЕДОНИЈА – Луксембург 3-2
Украина – МАКЕДОНИЈА 1-0
МАКЕДОНИЈА – Словачка 0-2
МАКЕДОНИЈА – Белорусија 1-2
1 победи, 4 порази (гол-разлика: 5-12)

14. СЛОБОДАН САНТРАЧ (Квалификации за СП 2006)
МАКЕДОНИЈА – Романија 1-2
Ерменија – МАКЕДОНИЈА 1-2
Чешка – МАКЕДОНИЈА 6-1
МАКЕДОНИЈА – Финска 0-3
1 победа, 3 порази (гол-разлика: 4-12)

Се вчитува...