ОДБРОЈУВАМЕ ДО ПАЛЕРМО: Најдобрите пет македонски голови, од вкупно 23, на патот кон баражот за СП 2022!

Македонија ја очекува веројатно најголемиот фудбалски настан во историјата. Македонската репрезентација за првпат во својата речиси 30-годишна независна историја е на чекор до пласман на Светско првенство. Бараж-натпреварот со Италија во Палермо на 24. март од плејофот за место на Мундијалот во Катар е сигурно најголемиот фудбалски предизвик на земјата. Токму затоа, одбројувајќи до 20:45 часот на 24. март и дуелот на „Ренцо Барбера“, ги одбележуваме најзначајните лица и настани кои, на некој начин, имаат свој дел од мозаикот на патот до Палермо.
=============================================================================================================

Македонската репрезентација постигна вкупно 23 погодоци низ квалификациите за СП 2022, што е најголем број голови за Македонија низ еден квалификациски циклус во историјата.

Во очекување на возбудувањата на „Ренцо Барбера“ ги издвојуваме најубавите пет од изминатиот квалификациски циклус низ кој стигнавме до историскиот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

1. ЕЛИФ ЕЛМАС (Скопје, МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 3-1)
* Последниот квалификациски гол со кој и дефинитивно беше обезбеден баражот за СП 2022. Мајсторија на Елиф Елмас преку кој уште еднаш ги покажа сите свои квалитети.

2. ЕНИС БАРДИ (Ереван, ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-5)
* Феноменална партија на Енис Барди која ја заокружи со хет-трик во победата од 0-5 над Ерменија, која е втора најголема гостинска победа на Македонија во историјата по онаа 1-11 со Лихтенштајн.

3. АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ (Скопје, МАКЕДОНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН 5-0)
* Најубавиот погодок на Трајковски во овој квалификациски циклус, во убедливото издание во Скопје.

4. ЕЛИФ ЕЛМАС (Дуисбург, ГЕРМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-2)
* Дефинитивно највпечатливиот гол во овој квалификациски циклус со кој Македонија запиша историска победа над Германија која како „бомба“ одекна во Европа.

5. АРИЈАН АДЕМИ (Букурешт, РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-2)
* Првиот гол низ завршениот квалификацискиот циклус е дело на Аријан Адеми и тоа во Букурешт, каде Македонија до последните минути имаше реми, но Романците со гол во финишот дојдоа до победата.

Се вчитува...