ОДБРОЈУВАМЕ ДО ПЛАСМАН НА ЕП: Стартува „Проект – Грузија“ – предности, слабости, можности и закани!

Фудбалска Македонија е пред најголемиот предизвик од своето постоење. Македонскиот репрезентативен фудбал за првпат е пред остварување на сонот – пласман на едно големо фудбалско натпреварување. Момент кој не остава рамнодушен ниту еден вљубеник во фудбалот во земјава. До историскиот натпревар со Грузија преку неколку издвоени анализи, неколку моменти, неколку личности, можности и показатели ќе се обидеме да се убедиме зошто Македонија може и мора до пласман на Европско првенство!

Со првото пристигнување на дел од репрезентативците во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје вечерва стартува „Проект – Грузија“. Факт е дека едногласни се очекувањата и на репрезентативците и на целокупната спортска јавност за триумфално враќање од Тбилиси на 12. ноември, но факт е и дека неизбежна е јасна проценка на сите предности, слабости, можности и закани кои не очекуваат пред и за време на натпреварот со Грузијците во финалето од Лигата на нации.

Издвојувајќи една кратка анализа, некако заклучокот на крајот е дека на вагата натежнуваат силните страни на македонскиот репрезентативен фудбал кои треба да не водат до ЕП. Овој формат на Лигата на нации, да не се лажеме, нуди една и единствена можност да се најдеме меѓу најдобрите на Стариот континент. Истата, надополнета со Горан Пандев како предводник на една од најдобрите наши фудбалски генерации во историјата, а заокружена и со огромната мотивација која живее во репрезентативните редови, едноставно мора да се искористи! Свесни се за тоа и во стручниот штаб на селекцијата, и во ФФМ, која реално овозможи идеални услови и дополнителни мотивации за репрезентативците, за мирен пат на ЕП. Но, свесни се и медиумите и јавноста кои како никогаш досега даваат поддршка на овој национален тим. Ќе има и ‘закани’, но тие може само да бидат мотив повеќе за да се успее во предизвикот!

СВОТ АНАЛИЗА – „ПРОЕКТ ГРУЗИЈА“

Се вчитува...