Одбројувањето почна: Младите ќе „гризат“ за место на финалниот список (Фотогалерија)

Ракометната репрезентација денеска го имаше првиот собир, со што беше означен стартот на подготовките за ЕП 2020. Планот на селекторот Брестовац е најстандардните репрезентативци да добијат заслужен одмор и да почнат со подготовки од 2 јануари (кога се заминува за Словенија).

Во меѓувреме, помладите ракометари ќе се борат за место во националниот тим, во обид да се најдат на финалниот список на Брестовац. Репрезентацијата во следните денови ќе тренира во Скопје, а во вторник се тргнува на пат за Србија, каде ќе се сретне со селекцијата на Кувајт.

Потоа „црвено-жолтите“ ќе патуваат за Романија, каде ќе бидат дел од „Трофеј Карпати“, турнир на кој во полуфиналето ќе се сретнат со Алжир. Подмладената репрезентација ќе се врати назад во Скопје на 30 декември, по што Брестовац ќе ги одреди патниците за последната фаза од подготовките во Словенија.

Одбројувањето почна, а младите најавија дека се подготвени да „гризат“ за место на финалниот список на селекторот.

Се вчитува...