Одекна и гласот на Фабрицио Романо за иднината на Меси?!

Се погласни се шпекулациите дека Лионел Меси повторно ќе се врати во Барселона, а по ваквата вест експресно се огласи и експертот за трансфери Фабрицио Романо. Договорот на Лео со Пари Сен Жермен завршува на крајот на оваа сезона.

Во медиумите веќе се најавува дека Аргентинецот би можел да се врати на „Ноу Камп“, но информациите на Романо се поинакви. Повикувајќи се на извори блиски до Меси, Романо објасни дека Аргентинецот се уште нема донесено конечна одлука.

„Извор близок до Меси ме информираше дека тој одлука за својата иднина ќе донесе во 2023. Во Барселона навистина се разгледува опцијата да биде вратен, но и ПСЖ сака да го продолжи неговиот договор. Лео во овој момент не донел одлука ниту да се врати во Барселона, а ниту да потпише нов договор со ПСЖ“, изјави Романо.

Во овој момент фокусот на Меси е Светското првенство кое веројатно е последното кое може да го освои со Аргентина, одлуката за кариерата ќе ја донесе по завршувањето на истото.

Се вчитува...