Одермат го одбрани големиот кристален глобус, Омот најдобар спусташ сезонава во алпско скијање

Австриецот Винсент Крихмаер е победник на последниот спуст сезонава кој се вози во завршницата од Светскиот куп во францускте Куршевел и Мерибел. Крихмаер до победата во Куршевел стигна со време од 1:50.43 минута.

Второто место му припадна на Швајцарецот Марко Одермат, кој со овој пласман ја одбрани титулата во генералниот пласман во светскиот куп. Третото место со заостанување од 54 стотинки му припадна на Беат Фојц.

Малиот кристален глобус во спуст го освои Александер Омот-Килде кој на денешната трка заврши на четвртата позиција.

Се вчитува...