Одермат најбрз на супер-џи во Салбах, Влхова славеше во Јасна

Марко Одермат е победник на денешната супервелеслаломска трка која се возеше во австрискиот ски-центар, Салбах. Одермат до победата стигна со време од 1:23.59 минути што беше за 62 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот, Французин, Матју Бале. Подиумот го надополни Винсент Крихмаер од Австрија кој доцнеше 81 стотинка зад времето на победникот.

Петра Влхова славеше на домашниот велеслалом во Јасна. Најдобрата словачка скијачка до победата стигна со вкупно време од 2:16.66 минути, што беше за само 16 стотинки подобро од второпласираната Алис Робинсон од Нов Зеланд. Третото место и припадна на Микаела Шифрин од САД, која доцнеше 37 стоти делови од секундата зад победничката.

Се вчитува...