Одермат најдобар на првиот велеслалом во машка конкуренција

Швајцарецот Марко Одермат е победник на првата трка сезонава во машка конкуренција во Светскиот куп во алпско скијање.

Швајцарскиот скијач до победата на велеслаломот во Солден стигна со вкупно време од 2:05.94 минути, што беше за седум стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Роланд Лајтингер.

Подиумот го надополни Словенецот, Жан Крањец со заостанување од десет стотинки зад времето на победникот.

Сезоната во алпско скијање продолува на 13. и 14. ноември со паралелвелеслалом во австриски Лех.

Се вчитува...