Одермат најдобар на супервелеслаломот во Венген

Швајцарецот, Марко Одермат е победник на супервелеслаломската трка која денеска се возеше во неговиот домашен ски-центар Венгер.

На супер-џи трката која во овој ски-центар се возеше за првпат по 1994 година, Одермат до победата стигна со време од 1:29.00 што беше за 23 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Александер Омот Килде.

Подиумот го надополни Матијас Мајер од Австрија кој доцнеше 58 стотинки зад времето на победникот. Во генералниот пласман Одермат ја зголеми предноста пред конкурентите.

Се вчитува...