Одермат златен, Словенецот Крањец сензационално до сребро на велеслаломот на ЗОИ

Марко Одермат ја оправда фаворитската улога и стигна до златниот медал на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Тој до златниот медал стигна со вкупно време од 2:09.35 минути што му го донесе првото најсјајно одличје на Зимските олимписки игри во кариерата.

Среброто на сензационален начин му припадна на Словенецот, Жан Крањец кој по осмото место во првата трка, во втората искија неверојатно и на крајот само за 15 стоти делови од секундата му побегна и златниот медал. Со бронзата се закити Французинот, Метју Фавр кој доцнеше огромни 1,34 секунда зад победничкото време.

 

Се вчитува...