Одигра десет минути во три тима во НБА, а сега потпиша со Олимпијакос

Српскиот кошаркарски репрезентативец Филип Петрушев преживеа исклучително  фрустрирачки неколку недели. Полн со надеж, 23-годишниот центар ја започна својата НБА кариера во Филаделфија 76, а потоа за само неколку дена смени уште три клуба, го раскина договорот и реши да се врати во Европа, поточно во грчки Олимпијакос.

Петрушев беше избран од Филаделфија како 50. пик на драфтот во 2021 година, откако го освои МВП признанието во АБА лигата. Потоа се пресели во Ефес со кој стана европски првак, но воопшто не играше во плеј-офот, а потоа следеше кам-бек во Црвена звезда минатата сезона.

Две години откако беше драфтуван, тој дојде во НБА, тренираше со Сиксерс и дебитираше на 29. октомври, играјќи помалку од три минути во големата победа над Портланд. Само три дена подоцна, Сиксерси го вклучија во голем трејд и го испратија во ЛА Клиперс заедно со Џејмс Харден.

Тој беше вклучен во трејдот само за да им парира на разменетите договори, но на Клиперс не им требаше и два дена подоцна го пратија во Сакраменто Кингс во замена за драфт правата на неговиот сонародник Лука Митровиќ. Тие, пак, го испратија во Стоктон Кингс, нивната филијала во Развојната лига.

Не играше и за нив бидејќи веднаш беше вранте  во Сакраменто, за кого одигра уште седум минути распоредени на два натпревари во изминатите три недели и постигна три поени. Очигледно не се покажа доволно, а „кралевите“ му го раскинаа договорот во саботата, по што Петрушев реши да се врати дома во Европа и да го смени петтиот клуб за помалку од еден месец.

Се вчитува...