Синоќешниот меч помеѓу Мајами и Денвер со нетрпение го очекуваа многумина, особено што овој меч беше прв дуел меѓу Јокиќ и Морис по инцидентот кој се случи пред неколку недели. И не се случи ништо кога се во прашање инцидентите, а Јокиќ го однесе својот тим до победа од 120:111. На овој меч на трибините присуствуваа и браќата Јокиќ како поддршка, како што ветија и претходно.
Со тоа Денвер ја прекина серијата од шест порази по ред. На натпреварот, публиката со свирежи го испрати секој допир со топката на Јокиќ поради инцидентот со играчот на Мајами, но овојпат немаше ниту драма, ниту инциденти.
Јокиќ беше најефикасен во својот тим со 24 поени, 15 скокови и седум асистенции. Исто толку поени постигна и Адебајо во Мајами.
Лошата серија во која влегоа кошаркарите на Далас, продолжи и против Кливленд, кој славеше со убедливи 114:96. Ниту трипл-даблот на Дончиќ не помогна Далас да излезе од кризата. Словенецот го заврши мечот со 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
Резултати:
Филаделфија – Орландо 101-96
Мајами – Денвер 111-120
Чикаго – Шарлот 133-119
Хјустон – Оклахома 102-89
Минесота – Индијана 100-98
Далас – Кливленд 96-114
Сан Антонио – Вашингтон 116-99
Јута – Портланд 129-107
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 104-123
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА