Одличен старт на Египет во квалификациите за СП, Салах постигна четири гола

Репрезентациите на Алжир и на Египет со победи ја стартуваа квалификациската кампања за пласман на СП 2026 година, откако ги совладаа денеска своите противници Сомалија, односно Џибути.

Египет беше убедлив и со 6-0 го совлада тимот на Џибути, а Салах беше апсолутен херој на мечот со четири постигнати гола.

Одличен старт имаше и селекцијата на Алжир, чиј што капитен е Ријад Марез. Алжир ја совлада Сомалија со 3-1. Нигерија, пак, не ја оправда фаворитската улога во дуелот со Лесото, и одигра само 1-1.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП

Боцвана – Мозамбик 2-3

Бурунди – Гамбија 3-2

Алжир – Сомалија 3-1

Египет – Џибути 6-0

Габон – Кенија 2-1

Нигерија – Лесото 1-1

Судан – Того 1-1

Зеленортска Република – Ангола 0-0

Се вчитува...