Одличен ждреб за РК Вардар 1961 во Лигата на шампионите

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар 1961 имаше среќа на денешната ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите. Вардарци се најдоа во групата А која на хартија е далеку полесна од Б сегментот. „Црвено-црните“ за противници ќе ги имаат Пик Сегед, Кил, Алборг, Монпеље, Мешков Брест,  ППД Загреб и Елверум.

Во Б групата која е далеку поквалитетна ќе се сретнат двајцата македонски интернационалци кои ќе бидат дел од елитното натпреварување, Дејан Манасков и Никола Митревски. Покрај Веспрем и Порто, во Б сегментот ќе бидат уште и ПСЖ, Барселона, Киелце, Фленсбург, Динамо Букурешт и Мотор Запорожје.

Сепак, се уште е под знак прашалник учеството на Вардар во елитното натпреварување бидејќи македонскиот шампион е под истрага на ЕХФ поради промената на името и неисполнетите обврски на минатото раковдство.

Вардар ќе мора да остави депозит од 1 000 000 евра во две рати. Првата до 13. јули и втората до 27. јули. Доколку не го направи тоа Вардар ќе го изгуби своето место во Лигата на шампионите, а на негово место ќе влезе словенечкиот Горење Велење.

Се вчитува...