Македонскиот национален тим утре пред преполната Национална Арена „Тодор Проески“ ја пречекува најсилната селекција во групата во овие квалификации, репрезентацијата на Англија. Еден од фаворитите за освојување на Европското првенство идната година ќе се пречека во Скопје, на нов тревник на најголемиот стадион.
Со цел да се сочува новиот тревник на Националната Арена, Македонија тренираше на тренинг центарот „Петар Милошевски“ пред утрешната пресметка со Англичаните.
На тренингот можеше да се забележи добра атмосфера меѓу националите. „Петката“ со Италија е веќе заборавена, утре се оди на добар резултат со фаворизираниот противник. Секој резултат освен пораз ќе биде сензација, и покрај тоа што овој резултат нема никакво резултатско значење ниту за едната, ниту за другата селекција. Но, самата Англија дава мотив да се одигра максимално и да се дојде до добар резултат, и да се израдуваат полните трибини на „Арената“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА