Одлична партија на Димитријевиќ во триумфот на Хувентуд

Одлична партија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во победата на Хувентуд од 104-93 против Мурсија во 15. коло од шпанската АЦБ-лига.

Домашните од самиот почеток наметнаа победнички ритам постојано одржувајќи предност од околу десет поени разлика, за на крајот сосема заслужена победа.

Димитријевиќ одигра 20 минути за својот тим, притоа издвојувајќи се со четири асистенции како најдобар асистент во редовите на Хувентуд, сето тоа дополнети и со 11 постигнати поени, притоа со 4/5 во шутот за два поени. Најефикасен во победничкиот тим беше Басас со 25 поени.

Се вчитува...