Израмни Тренто во дуелот со Болоња во четвртифиналето во италијанскиот кошаркарски плеј-оф. Еден од најзаслужните за овој „брејк“ на второто гостување кај Болоња беше Андреј Јакимовски.
Македонскиот кошаркар постигна 13 поени во 29 минути игра на теренот, и беше трет стрелец во својот тим. Згора на тоа, Јакимовски запиша еден скок и две асистенции. Тој имаше 10 поени од поле, и една тројка, а промаши и едно слободно фрлање.
Сега серијата е израмнета на 1-1, откако првиот меч исто во Болоња го доби домашниот тим. Дуелите се селат сега во Тренто, каде што Јакимовски и неговиот тим ќе можат да дојдат и до предност, а потоа да размислуваат и да го елиминираат евролигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
