Одлична вест: Сите ракометари се негативни на шест дена до стартот на ЕП 2022

Сите македонски ракометни репрезентативци и членови на стручниот штаб се негативни и на денешното второ тестирање на коронавирус, на шест дена до почетокот на ЕП 2022.

Во таборот на „црвено-жолтите“ владееше мала тензија откако тројца израелски ракометари добија позитивни резултати нецели 24 часа по одигрувањето на првиот меч меѓу двете селекции. Вториот натпревар експресно беше откажан, а денеска беше извршено ново тестирање кое мина перфектно за нашиот национален тим.

За понеделник е закажано и последното тестирање пред заминувањето за Дебрецин, каде македонската експедиција ќе отпатува со чартер лет во вторник.

Се вчитува...