Одлична вест за Барселона – Умтити се врати на тренинзи

Одлични вести за тренерот на Барселона Кике Сетиен, откако денеска на тренингот на тимот се врати францускиот интернационалец Самуел Умтити. Централниот дефанзивец кој последните две години се мачи со повреди, не можеше да биде дел од составот на Барселона минатите три седмици поради повредата на десната нога која ја заработи веднаш по враќањето по паузата поради пандемијата од коронавирусот.

Одлична информација за каталонскиот клуб е и таа дека Сетиен денеска можеше да смета на сите 23 фудбалери, што е одлична вест пред продолжувањето на сезоната во Ла лига кое е закажано за 11. јуни, додека Барселона првиот натпревар по паузата ќе го одигра на 13. јуни на гости против Мајорка.

Пред прекинот на сезоната во Ла лига, Барселона е првопласирана на првенствената табела со два бода повеќе од големиот ривал Реал Мадрид.

Се вчитува...