Одлична вест за Македонија – Адеми е негативен на Ковид-19

Аријан Адеми не е еден од четворицата фудбалери на Динамо Загреб кои се позитивни на коронавирус, велат информациите од Хрватска.

Тоа е одлична вест за Македонија, бидејќи Адеми треба да биде еден од клучните фудбалери за историскиот натпревар против Грузија кој нашата репрезентација ќе го игра на 12. ноември во Тбилиси. Утрово стигна информација дека покрај тренерот Зоран Мамиќ, дополнителни четворица фудбалери на Динамо Загреб се позитивни на коронавирус, но за голема среќа меѓу нив не е Аријан Адеми.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 9. ноември во Скопје, по што заминуваат за Тбилиси каде нашата А-селекција ќе го игра историскиот натпревар за пласман на ЕВРО 2020.

 

Се вчитува...