Одлична вест за ПСЖ: Меси излезе од карантин и тргна за Париз

Лионел Меси излезе од карантин и отпатува за Париз доцна синоќа. Оваа информација доаѓа од аргентинското издание на весникот „Ole“, каде што објавија дури и фотографија од аеродромот.

Меси имал негативен тест на Ковид-19 и затоа добил дозвола што поскоро да се врати во француската престолнина. Со чартер патувал со целото семејство – сопругата Антонела и трите сина – Тијаго, Матео и Чиро.

Напаѓачот беше во изолација во родниот град Розарио од 28 декември.

Се вчитува...