Одлични резултати за веслачите на Балканското првенство – Прентоска со нов државен рекорд и 5. место во скиф!

Македонските млади веслачи постигнаа повеќе од забележителни резултати на Балканскиот шампионат во Бугарија, на тој начин успешно враќајќи го овој спорт на интернационалната сцена.

Ана Прентоска испиша нови страници во македонскиот спорт, со освоеното петто место во големото финале на кадетки скиф.

Ова е официјално најдобриот пласман за македонска веслачка на Балканските првенства од осамостојувањето на државата до денес. Притоа, и со нов државен рекорд.

Успехот го заокружи и Александар Хиохи, кој заврши како седми во финалето на кадети скиф, поставувајќи свој нов личен рекорд.

Се вчитува...