Одличниот Дани Олмо творец на победата на Лајпциг над Хофенхајм (ВИДЕО)

Одличниот Дани Олмо беше творец на победата на Ред Бул Лајпциг на гостувањето кај Хофенхајм со 0-2. Младиот шпански фудбалер со хрватско потекло во 9. и 11. минута постигна два гола за експресно водство на гостите од 0-2, кое на крајот ќе се покаже како конечен резултат. Со оваа победа Лајпциг веќе со едната нога е учесник во Лигата на шампионите следната сезона, откако се наоѓа на третата позиција со 62 бода, односно шест повеќе од петтопласираниот Баер Леверкузен. Хофенхајм останува седми и ќе има тешка задача до крајот да стигне до едно од местата кое следната сезона водат во Европа.

 

 

 

 

 

 

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...