Одличниот Томовски ги запре Пешевски и Штутгарт

Мартин Томовски е најзаслужниот што Лудвигсхафен ја прекина „црната серија“ во Бундес-лигата и триумфираше на гостувањето против Штутгарт (26-29).

Македонскиот голман беше брилијантен во почетните петнаесетина минути од натпреварот, во кои Томовски имаше шест успешни интервенции и му помогна на својот тим да дојде до предност од шест гола. Ваквата позитивна Лудвигсхафен ја задржа до крајот на полувремето (8-14), по што оваа екипа не му дозволи на Штутгарт да се врати резултатски до самиот крај на мечот.

Томовски го заврши натпреварот со осум успешни интервенции, додека на спротивната страна Жарко Пешевски го заврши мечот со еден гол од два обиди.

Се вчитува...