Одлично почна, но мора да паузира – Дарко Радуловиќ позитивен на коронавирус

Дарко Радуловиќ имаше одличен старт на авантурата како шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје, но младиот стратег сега го очекува кратко отсутво откако беше објавено дека е позитивен на коронавирус.

Радуловиќ го водеше тимот при убедливата победа над Академија ФМП, но на денешното тестирање тој добил позитивен резултат на Covid-19 и останал во самоизолација.

„Несаканите работи никако да го забиколат нашиот тим, откако по убедливата победа над Академија ФМП дојде немила вест дека позитивен на коронавирусот е нашиот тренер Дарко Радуловиќ. Тој се чувствува добро и има само благи симптоми на Ковид-19, но веднаш замина во домашна изолација. Во негово отсуство, тренинзите ќе ги води асистентот во стручниот штаб, Васко Атанасов, како и средбата против Пелистер закажана за в недела“, објави МЗТ Скопје.

„Мееталците“ ќе бидат сериозно ослабени за дербито со лидерот на табелата, со оглед на фактот дека во тимот ќе ги нема Американците Олуџоби и Гравет.

Се вчитува...