Одлично прво полувреме на Македонија: Три гола предност во Чешка по првите 30 минути (ФОТО)

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Македонската репрезентација има одлично прво полувреме на гостувањето против Чешка во Злин во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство. По првите 30 минути низ одлична игра Македонија има убави три голови позитива од 10-13.

Македонија го отвори натпреварот во Злин со погодокот на Талески, а со почетни две интервенции на Никола Митревски.

А по низата одлични игри во одбраната, низ една повеќе од цврста зона од 6-0, веќе во 8. минута со реализаторска игра во нападот и погодокот на Пешевски, Македонија имаше извонредно водство од 1-4. Ниту тајм-аутот не донесе нешто добро за Чесите, па повторно избраниците на Кире Лазаров подоминантни со голот на Георгиевски и до 1-5 по првите десет минути игра.

Сепак, домашните брзо се вратија со два едноподруго погодоци за намалување на предноста на 3-5, откако претходно Лазаров не реализираше седмерец по прекршокот над Стоилов. Но, тоа што не му успеа на Кире Лазаров од седум метри, веќе во 16. минута погоди со препознатливиот негов шут од девет метри, за 4-7 за македонската селекција.

Во продолжението гол за гол Македонија дојде и до 5-9, но во 23. минута по еден кризен период Чесите дојдоа до 7-9, благодарение и на одличниот голман Мрква кој имаше серија одбрани. И конечно ставена точка на нападите без погодок, во 27. минута по одличната асистенција на Кузмановски а реализацијата на Стоилов за 7-10. Следеа и погодоците на Талевски и Стоилов, наспроти гол за гол на Чесите, а Филип Миркуловски на пет секунди пред крајот со феноменален погодок донесе 10-13 на полувремето.

Филип Талески со четири гола од шест обиди е најдобар во првите 30 минути кај Македонија, а Лазаров и Стоилов завршија со по два погодоци. Никола Митревски е со седум одбрани на македонскиот гол.

Се вчитува...