Одлично прво полувреме, па потоа „колапс“ на Црна Гора против Норвешка

Женската ракометна репрезентација на Норвешка стигна и до третиот триумф на олимпискиот турнир во Токио, откако славеше над Црна Гора со 35-23.

Црногорките одлично го отворија мечот, а некаде на средината на првото полувреме имаа предност и од плус три (9-6). Сепак, Норвежанките до крајот на првите 30 минути успеаја да се консолидириаат и на пауза да заминат со реми 13-13.

Во второто полувреме натпреварот одеше само во една насока. Скандинавките заиграа далеку подобро и на крајот стигнаа до триумф од 35-23. Мерк и Рејстад со по седум гола беа најефикасни кај Норвешка, додека Јованка Радичевиќ со шест гола повторно беше најдобра кај Црногорките.

Во претходните мечеви од денешната програма на ракометниот турнир Холандија – Ангола 37-28, Шпанија – Бразил 27-23 и Јужна Кореја – Јапонија 27-24.

Се вчитува...