Одложен дуелот меѓу Вардар и Елверум

Ситуацијата со коронавирусот во нашата земја е причината поради која дуелот од второто коло во ракометната Лига на шампионите меѓу Вардар и Елверум нема да биде одигран во предвидениот термин. Со оглед на тоа што Македонија се наоѓа во категоријата критични зeмји, Норвежаните ќе треба да поминат двонеделен карантин по враќањето во нивата земја, а тоа веројатно ќе повлече и проблеми околу распоредот за следните натпревари.

Затоа Елверум упатил барање за одложување, ЕХФ го прифати и за средбата ќе се бара нов термин. Вардар во првото коло загуби кај Мешков Брест, додека Елверум изненадувачки славеше на гостински терен во Порто.

Се вчитува...