Одложен и мечот Вардар – Нексе од СЕХА

Реванш натпреварот од четвртфиналето на СЕХА лигата меѓу Вардар и Нексе нема да се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“. Тој е одложен на неодредено време.

Раководството на СЕХА донесе да ги одложи натпреварите Вардар – Нексе и Веспрем – Војводина поради актуелната ситуација со коронавирусот.

Завршниот турнир во СЕХА – лигата треба да се одржи во хрватскиот град Задар од 3. до 5. април, но неизвесноста секако е присутна поради состојбата во регионот.

Се вчитува...