Одложен и натпреварот на Куманово со Ибар во БИБЛ-лигата

Поради забележано присуство на коронавирус во редовите на КК Куманово, одложен е и натпреварот со Ибар кој требаше да се игра денеска во Рожаје, соопшти менаџментот на БИБЛ-лигата.

Како причина за одложувањето е наведено дека неколку членови на Куманово се позитивни на ПЦР тестирањето од коронавирус. Со оглед на тоа дека комплетниот тим на Куманово е во карантин, не е возможно било каква акција во наредниот период.

Ако се биде во ред со здравствениот билтен на двете екипи, Куманово и Ибар ќе играат на 5. јануари следната година, но во Куманово.

Како што е познато, претходно од истите причини беше одложен и дерби дуелот од 9. коло во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Куманово и МЗТ Скопје.

Се вчитува...