Одложен „кам-бекот“ на Барди

Енис Барди се наоѓа на листата на повредени играчи за Леванте. Тој не беше на собирот на репрезентацијата за октомвриските натпревари, а пред неколку дена се врати во тренажен процес.

Иако требаше да биде во комбинација за дуелот со Леванте, сепак, од клубот соопштија дека и натаму тренира под посебен режим, и дека ќе му треба уште малку време за повторно да заигра за шпанскиот тим.

Ако рехабилитацијата тече според планот, би требало да се врати на почетокот на ноември.

Се вчитува...